Двајца разбојници вооружени со пиштоли утрово ограбиле поштар и одзеле четири торби, но во нив иамло само пензински чекови. Според полицијата, грабежот се случил во 7 часот, пред поштата во скопското село Волково.
Разбојниците кои биле маскирани и вооружени со пиштоли го нападнале З.Ц.(52) од Скопје кој требало да изврши достава во поштата. Заканувајќи му се дека ќе пукаат му ги одзеле торбите и со автомобил избегале.
Според пријавеното, во торбите немало пари туку чекови за пензија.
Подоцна, околу 7.45 часот било пријавено дека во хала сопственост на Р.Ѓ.(46) на магистралниот пат Скопје-Блаце бил оставен и опожарен автомобил „опел корса“, за кое по превземените мерки било утврдено дека било користено во разбојништвото.
Полицијата ги бара разбојниците.