Општина Аеродром врши одржување и реконструкција на сервисните улици на целата територија на општината.
Деновиве се реконструираат краци на улицата „Божин Николов – Силни“ во Горно Лисиче. Станува збор за неколку руинирани и дотраени сервисни улици во должина од по 50-тина метри.
Овие активности за тековно одржување на улиците продолжуваат и во наредниот период.