Кој ќе застане заедно со Христијан Мицкоски против ЕУ и НАТО, против иднината и напредокот на Македонија, јавноста бргу ќе дознае, она што е очигледно е дека конкурсот за избор на таков кандидат е една обична фарса на антизападната ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски лично го избира својот фаворит, велат од СДСМ во реакцијата испратена по повод прес-конференцијата на потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
„Кој и да биде кандидатот на Мицкоски може само да се подготви за пораз на претстојните избори. Граѓаните нема да дозволат нов Иванов, нема да дозволат нова антизападна марионета на Мицкоски и Груевски.
Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори е со единствена цел, Мицкоски да ја распушти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која очигледно не го поддржува во неговите погубни политики.
Тоа се докажа и преку неуспешната интерпелација на министерот за надворешни работи, која едвај 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа. Кога ќе има парламентарни избори не зависи од расположението во скапоцениот дворец, туку од интересите на државата и граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека се спремат за пораз на претседателските избори, нека се спремат за пораз и на парламентарните избори кога и да се одржат“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Од партијата додаваат дека граѓаните избрале иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат нов Иванов или Груевски да ги вратат во темното минато.