Се зголемува интересот и барањата за онлајн кредити

Онлајн кредитите насекаде низ светот веќе создадоа солидна база на клиенти и со тоа станаа сериозна конкуренција на традиционалните финансиски институции. Со брзината на одобрување на средствата, едноставната процедура и достапноста, тие се изборија за голем дел од пазарот, а влегувањето во законски регулирана рамка ја зацврсти нивната позиција како финансиска услуга насекаде низ светот. Онлајн кредитите се однесуваат на помали суми средства и преставуваат инстант финансиски приход за итна, непланирана потреба, како здравствени трошоци или некаква материјално – финансиска штета. Каматната стапка е една од главните одлики на овие кредити, односно тоа што кај нив кредитобарателот ги плаќа само трошоците за кредитот, што не е годишна каматна стапка.

За годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) Европската комисија вели дека не треба да се меша со трошоците на кредитот коишто ги наплатува кредиторот, бидејќи СВТ не ја зема предвид природата на краткорочните и малите по обем кредити. Кај малите краткорочни кредити при висока СВТ (на пример поголема и од 150%), вкупниот трошок на кредитот е мал во однос на главницата и стапката на соодносот на трошокот и главницата е далеку пониска од СВТ. А вистинскиот приказ за тоа колку ќе чини кредитот е соодносот меѓу вкупниот наплатен трошок на кредитот и главницата.

Кај потрошувачките кредити кои во банките се нудат со просечна стапка на СВТ од 11%, поради долгите рокови за отплата на кредитот и високите износи, потрошувачот завршува со плаќање над 178 евра на годишно ниво, или со сооднос на платени трошоци и главницата од 27,5%. Овој сооднос меѓу трошоци и главница, кај производите на финансиските друштва изнесува 15%. Додека, пак, за сличните производи понудени од финансиските друштва со помали износи на позајмици, како и со пократки рокови за отплата, клиентите плаќаат 24 евра кај кредит со еднократна отплата.

Затоа, доколку постои ограничување на висината на вкупните трошоци на кредити од 100%, то би било во прилог на корисниците. И праксата го покажува тоа, разгледувајќи ги примерите кај земјите членки на ЕУ кои немаат ограничување на Годишната стапка на вкупни трошоци, но имаат ограничување на вкупните трошоци. Така, Велика Британија нема определено ограничување на Годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ), но наместо тоа, воведе ограничување на стапката на трошоци за кредитот (камати и провизии) од 0,8% дневно. Исто и Полска нема воведено ограничување на Годишната стапка на вкупни трошоци, но наместо тоа утврди лимит за максималната каматна стапка (10%) и утврди дека провизиите коишто не се камати, не смеат да го надминат износот којшто е позајмен (слично решение со она во Велика Британија).

Со сите аспекти и поволности на онлајн кредитите, и дополнително кога и вкупните трошоци ќе бидат ограничени, корисниците го сметаат овој начин за добивање итна, брза финансиска сума за многу полесен и достапен. Затоа финансиските друштва се сè поприсутни и во Македонија, а стануваат и се побарани од граѓаните. Нивната популарност се должи, пред се на лесната и брза достапност, со што ја исполнуваат својата основна функција за итна финансиска инјекција, без преголеми процедури, документација и дополнителни трошоци. За добивање онлајн кредит документацијата е минимална, исклучени се и сите нотарските трошоци, што значи дека се избегнуваат дополнителните, скриени трошоци. Потребно е само лична карта и редовни примања, а сите останати процеси на бодување и проверка на клиентот се автоматизирани со испитување на кредитна историја на клиентот и можните кредитни задолжувања преку  кредитниот регистар, каде се проверува дисциплина на плаќање на клиентот, задоцнети и достасани обврски, се прави соодветна AML проверка и се врши валидација на контакт информациите.

Ваквата проверка на кредитната способност е применлив за онлајн кредитите кои се краткорочни, додека долгорочните заеми налагаат разни проверки, па затоа се разликуваат токму од типот на заем. Воедно, сите финансиски друштва нудат бесплатен процес на аплицирање, без обврска за подигнување на кредитот доколку истиот е одобрен.

Треба да знаете
Последни објави