Страшното руско село од кое никој не смеел да излезе

Даргавс во Северна Осетија – Аланија, се нарекува и руски град на мртвите, бидејќи крие стотина гробници во кои се погребани луѓе со сите овоземјенски добра.

Станува збор за село кое на прв поглед изгледа многу идилично. На рабовите на селото доминираат камени куќички кои се изградени во перидот меѓу 14-от и 16-от век.

Сепак, идиличните куќи се всушност гробници во кои се погребани некогашните жители. Некои куќи имаат само еден кат, а други и до четири.

За ова место за раскажуваат многу легенди. Некогаш се верувало дека никој нема да излезе жив од Даргавс, па околното население го избегнувало во широк лак. Луѓето претпоставуваат дека за таа приказна е виновна чумата која се појавила на ова место во 18-от век.

Локалното население ги сместило болните жители во камени куќи на брдото, а од таму не смееле да излезат се до својата смрт. Толку затоа Даргавс денес го нарекуваат “град на мртвите”.

Во гробниците денес може да се најдат стари монети. Семејствата ги фрлале од брдото во бунар со надеж дека со нив ќе ги погодат камените плочи, бидејќи тоа би значело дека душата на починатиот завшрила во рајот.

Даргавс денес никој не сака да го посети. За тоа не се виновни празноверијата и локалните приказни, туку фактот што селото се наоѓа на многу изолирано место. Од Владикавказ е потрено еден час возење по неасфалтиран пат, нешто што го одбиваат и најавантуристичките патници.

Треба да знаете
Последни објави