Тотенхем е единствениот клуб во богатата историја на Премиер лигата кој не направил трансфер на ниту еден фудбалер во два последователни трансфер периоди.
Тимот од северен Лондон не се засили ниту минатиот летен преоден рок, ниту во зимскиот трансфер прозорец кој беше затворен синоќа.
Во текот на зимскиот преоден рок клубот го напуштија Муса Дембеле и Жорж-Кевин Нкуду, а раководството не одлучи дека се потребни замени за овие двајца играчи, кои ионака многу ретко стапнуваа на теренот.
И покрај тоа што не ангажира нови играчи, во моментов тимот е на третото место во Премиер лигата со 54 бода по 24 кола, или седум бодови помалку зад лидерот Ливерпул.
Веќе утре тимот предводен од Маурисио Покетино го пречекува Њукасл.