Трамп: Следната недела ќе ги соопштам датумот и местото за состанокот со Ким Џон-ун

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека следната недела ќе ги соопшти датумот и местото на вториот по ред состанок со лидерот на Северна Кореја, Ким Џон-ун. Средбата е најавена за крајот на февруари.

Како потенцијални места за средбата, агенцијата „Асошиејтед прес“ ги посочува Виетнам, Тајланд, Хаваи или повторно Сингапур.

Трамп пред новинарите, исто така, изјави дека неговата администрација постигнала огромен напредок кога станува збор за Северна Кореја.

 

Треба да знаете
Последни објави