Додека Заев се фали по странски телевизии дека наводно ужива најголема доверба помеѓу граѓаните, дома бега од предвремени избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.
Опозициската партија додава дека Заев бега од гневот на граѓаните поради понижувањата, промената на името името и откажувањето од македонскиот јазик, идентитет и историја. До тој степен македонското општество е поделено, велат од ВМРО-ДПМНЕ, што ниту владините коалициони партнери на прес -конференции не се разбираат помеѓу себе.
„Оние Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци на кој Заев им ветуваше живот, 500 евра плата и враќање на младите назад во државата, сега бараат остварување на овие ветувања. Наместо двојазичност граѓаните од сите етникуми го бараат ветениот живот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
На пазарџиите, пензионерите, младите, земојделците како и на сите граѓани во Македонија, додава ВМРО-ДПМНЕ им е доста од црнилата олицетворени во одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев. Партијата повторно го повика Заев да собере храброст, да излезе на предвремени избори и да се соочи се со македонските граѓани.