Полицијата поднела кривилни пријави против двајца дилери на дрога, информира МВР.
СВР Велес поднесе кривична пријава против велешанецот Т.Р.(30) за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Полицијата во октомври лани во наслеба Тунел кај осомничениот пронашле и одзеле хероин.
Тетовчанецот Љ.А.(29) е осомничен за овозможување на употреба на наркотични дрога, а Х.Е.(33) од селото Мала Речица е осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Како што информира СВР Тетово, во септември лани на регионалниот пат Тетово – село Пирок, полицијата извршила претрес кај пријавените и нивното возилото и пронашла марихуана.