Легендарната Клајстерс смета дека Ѓоковиќ може да го достигне рекордот на Федерер

Легендарната поранешна белгиска тенисерка, Ким Клајстерс  истакна дека Новак Ѓоковиќ би можел да го достигне и собори рекордот на Роџер Федерер кога се работи за освоените Грен Слем титули.

Швајцарецот има 20 Грен Слем титули, а Ѓоковиќ кој е во извонредна форма и кој во моментов е тенисер број еден во светот, има вкупно 15 освоени титули на големите натпреварувања.

Последната Грен Слем титула Србинот ја освои пред неколку денови кога експресно и фуриозно го совлада Рафа Надал во финалето на Австралија Опен.

– Дефинитивно сметам дека Новак може да го собори рекордот на Роџер по Грен Слем титулите. Ќе биде интересно како планира да го одржи ваквото ниво на формата. Тој знае како се прави тоа кога си најдобар. Беше прашање на време кога ќе се врати во ваква форма. Во некои моменти беше фрустриран, но тоа само покажува колку е мотивиран да се врати на највисоко ниво – коментираше Ким Клајстерс која три пати го освои ЈуЕс Опен, а еднаш во кариерата славела и на Австралија Опен.

Треба да знаете
Последни објави