МВР: ВМРО-ДПМНЕ шири дезинформации за инцидентот во Шутка

Министерството за внатрешни работи во целост ги отфрла дезинформациите и лагите  пласирани од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за наводно криење на случувањата во Шуто Оризари на 28 јануари.

-Напротив, МВР во соработка со јавното обвинителство експресно го расчисти случајот, а за сето тоа транспарентно ја информираше јавноста со соопштенија и прес конференција.  Поднесени се кривични пријави до надлежните обвинителства за седум лица и тие ќе одговараат за тоа што го сториле. Полицијата сега работи транспарентно, професионално и ефикасно, за разлика од периодот кога со министерството раководеше кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Полицијата ја гарантира безбедноста на граѓаните, а високата доверба на граѓаните кон полицијата е видлива на анкетите кои се презентираат во јавноста, велат од МВР.

 

Треба да знаете
Последни објави