Скопје Зоо добива мини зоолошка градина за најмладите, соопштија од Зоолошката градина.
„По теркот на европските и светските и во скопската зоолошка ќе се отвори Бејби Зоо. Тоа е заградена мини зоолошка градина каде што ќе има мали безопасни животни и каде што децата во присуство на Зоо негувател ќе може поинтеркативно да се запознаат со животните, да си играат и да се фотографираат со нив“, изјави директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски.
Целта е, како што додаде, децата уште од мали да ја почувствуваат љубовта и грижата кон животните.
„Доколку уште од мали нозе научат како да се грижат за нив, сигурно е дека кога ќе пораснат ќе ја имаат онаа зоокултура која сега недостасува кај нас“, истакна Галетановски.