Струмичанец пријавил дека бил измамен и оштетен од сопственик на менувачница кому му дал 95.000 швајцарски франци во апоени од по 100 франци, за да му ги замени во апоени од по 1.000 франци, но сопственикот му заменил само 30.000 франци, а останатите не му ги дал.
Според полицијата, вчера во 11.40 часот во СВР Струмица, А.П.(68) пријавил дека на 31 декември 2018 година, околу 11 часот отишол во менувачница во Струмица и на сопственикот му дал 95.000 швајцарски франци, кои биле во апоени од по 100 франци, за да му ги замени во апоени од по 1.000 франци. Сопственикот П.М. му заменил само 30.000 франци, а останатите 65.000 франци ги задржал и се уште не му ги вратил.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.