Тинејџер е најдобриот асистент на Реал Мадрид оваа сезона

Бразилскиот тинејџер на Реал Мадрид Виничиус Жуниор им се поголемо значење во составот на „лос бланкос”, покажува статистиката.

Офанзивниот фудбалер е лидер по асистенции во Европскиот шампион, пишува „Марка”. Виничиус засега има седум асистенции во сите натпреварувања, надминувајќи ги Герет Бејл, Карим Бензема, Алваро Одриосола и Лука Модриќ, кои имаат по пет.

Бензема најчесто ги користел пасовите на „кариоката” за да бележи – три пати. Бразилецот има најмногу аситенции во Кралскиот Куп – пет.

Левото крило на „белите” е 12-тиот најкористен играч од почетокот на сезоната, а по доаѓањето на Сантијаго Солар се вкорени во првиот состав. Тој се појавил во 19 натпревари, регистрирајќи вкупно 1.012 минути.

Под раководство на Хулен Лоетеги, тој одигра едвај 15 минути.

Треба да знаете
Последни објави