Шахпаска: Со новиот закон прекинот на бременоста ќе се прави без административни процедури

Повеќе нема да има административни процедури: комисии, пристрасно советување и три дена чекање за прекин на бременоста, образложи пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска, говорејќи за законот за прекин на бременоста кој наскоро ќе влезе во собраниска процедура.

Таа на прес-конференција апелираше до сите пратеници заеднички да го поддржат законот во интерес на жените и нивното здравје.

„Правото на жената за прекин на бременоста е неприкосновено. Жената сама, свесно носи одлука за раѓањето и бројот на деца. Прекинот на бременост мора да е е безбеден, во услови и на начин согласно медицината базирана на докази и од страна на стручни лица“, рече Шахпаска.

Додаде дека прекинот на бременоста ќе се прави и на примано ниво на здравствена заштита во услови и на начин предвидени со закон.

„Прекинот на бременоста ќе се прави по барање и дадена согласност на жената до 12 седмица, а во одредени случаи и до 22 седмица. Жената ќе знае како се изведува, колку и какви последици носи интервенцијата. Животот на жената е пред се“, дополни Шахпаска.

Таа оцени дека законот што го донела претходната власт го отежнува пристапот до безбеден абортус, го ограничува правото на избор, а ги стигматизира и осудува жените. Рече дека со новиот закон се гарантирани достоинството, приватноста, информираноста и доверливоста.

Треба да знаете
Последни објави