(Видео) Ѓоргиевски: Градот ни е претворен во крвава арена

Во Скопје владее хаос и криминал. Само за еден месец во главниот град се пријавени 20 разбојништва, изјави на прес-конференција, Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека нема ден, а да не се вади оружје, а цел се бензински пумпи, обложувалници и пошти.

„Прашање на време е кога ќе падне и првата жртва бидејќи Оливер Спасовски и неговите функционери се незаинтересирани да постапуваат или пак се во коалиција со криминалот.
Оливер Спасовски го интересираат само личните амбиции и кариера. Наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и јавниот ред и мир, тој турка кампања за претседател и не презема ништо за намалување на криминалот во нашата земја“, рече Ѓоргиевски.

Заедничко за сите овие криминали, вели Ѓоргиевски, е тоа што ништо не се расчистува. Процентот на реализација на актуелното раководство на МВР е понизок од кога било во минатото, па затоа МВР крие колку дела се пријавени во Скопје, а колку од криминалите се расчистени, оцени тој.

„Градот ни е претворен во крвава арена. Криминалците владеат со улиците, а полицијата никаде ја нема да ги заштити нашите граѓани. Оваа власт ја наруши безбедноста и не е способна да го гарантира мирот на граѓаните. Оваа власт мора час поскоро да си замине“, додаде Ѓоргиевски.

Треба да знаете
Последни објави