Работник загинал откако му се откачило цревото од пумпа за бетонирање
Трагедија на работното место, работник почина откако му се откачило цревото од пумпата за бетонирање.
Како што информираат од полицијата, утринава околу 09 часот и 30 минути во полициската станица во Струга било пријавено дека во населба Елен Камен во Струга, при изведување градежни работи, со повреди се здобил 49- годишниот Џ.А од Струга и како последица на тоа починал. Според пријавеното, додека работел, Џ.А. бил удрен од црево кое се откачило од пумпа за бетонирање.
Се преземаат мерки за рачистување на случајот.



