Узунов: Ако не нè сфаќаат сериозно, ќе ги радикализираме протестите против загадувањето

Здружението „Канцерогено општество“ и оваа сабота организираше протест пред Собранието поради загадениот возхух.

Кристијан Узунов од Здружението побара итна седница на Владата за загадувањето, во спротивно, како што посочи, протестите ќе бидат порадикални и ќе блокираат сообраќајници низ државата.

На протестот се обрати и Драги Змијанац од „Меѓаши“ кој рече дека ќе ги поддржи сите граѓански иницијативи што имаат за цел да извршат притисок и да направат промена. Додаде дека болниците се полни со деца, а секое второ дете страда од респираторни болсти.

Треба да знаете
Последни објави