(Видео) Хаос и паника во хрватски авион – пилотот соопштил дека имаат дефект
Авион на авионската компанија Кроација ерлајнс на летот ОУ413, кој вчера тргна од Франкфурт кон Сплит, слета во Загреб наместо во Сплит.
Пилотот се откажа од слетување во Сплит каде се приближил на пистата, а потоа ги известил патниците дека дошло до технички дефект. После десетина минути пилотот повторно со загрижен глас им се обратил на патниците дека ќе мораат да слетаат во Загреб.
Самото патување од Сплит до Загреб било прилично драматично за сите патници и владеела општа паника. Поедини кои имале сигнал на ГСМ межа се збогувале од своите најблиски.
Поголемиот дел од патниците седнале на задните седишта кои биле слободни, мислејќи дека тие се посигурни, раскажува една од патничките за хрватските медиуми. Авионот слетал на крајот од пистата во Загреб каде го чекале пожарникари, полиција, Итна помош и десетина други возила.
На патниците не им било дадено никакво објаснување освен дека имало дефект и понуден и е ваучер во износ од околу 14 евра за храна и пиење на аеродромот, и лет од Загреб кон Сплит, но повеќето патници се одлучиле за поинаков превоз.