Стави огномет во шахта и направи катастрофа
Едно момче од еден кинески град дошол на идеја да стави огномет во шахта.
За малку ќе настанела голема катастрофа, цел тротоар одлетал во воздух, а момчето за голема среќа не е повредено.
Цигли летале на сите страни, а на земјата останала голема дупка.
Работниците од околните продавници изненадено набљудувале што се случило.
Момчето побегнало од ескплозијата и потоа почнало да вика: „Мама, се плашам.“
Три автомобили се оштетени, но никој не е повреден.


