СДСМ: Државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите

Државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предадениот род од 2014-2016 година, велат од СДСМ преку соопштение.

Со ова решение, велат од партијата, над 1,5 милиони евра ќе завршат директно кај лозарите во Тиквешкиот регион.

„Со предлог измени на Законот за земјоделство и рурален развој кои треба да се најдат во Собранието, ќе се постави правен основ државата да ги преземе неподмирените обврски кон лозарите кои во периодот 2014-2016 година го предале грозјето во винарници кои биле регистрирани во регистарот на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, а не добиле пари за предаденото грозје.

Веднаш потоа државата ќе го преземе долгот кон лозарите кои побаруваат пари за предадено грозје во конкретниот период, за да бидат исплатени во најкус рок“, се вели во соопштението на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави