Трагедија во Србија: Самоубиство на ракометен репрезантивец Новак Бошковиќ

Трагедија во Србија: Самоубиство на ракометен репрезантивец Новаќ Бошковиќ

Ракометниот репрезентативец на Србија Новак Бошковиќ извршил самоубиство утрово во својот дом во Црвенка. Како што јавуваат српските медиуми, 29-годишниот Бошковиќ си пукал со пиштол во главата, во моментите кога во станот била и неговата сопруга. Полицијата не соопшти кој е мотивот на самоубиството.

Бошковиќ настапуваше на позицијата десен бек и ги бранеше боите на Србија на Европското првенство во Полска во 2016 година.

Тој со години играше во Израел за Макаби Тел Авив, како и за Цимос Копер (Словенија), Татабања (Унгарија) и за Динамо Букурешт (Романија).

Треба да знаете
Последни објави