Откако вчера изутрина беа откриени остатоци од авионот со кој патувал Емилијано Сала, денес истражувачите пронашле тело.
Засега останува нејасно дали се работи за телото на фудбалерот или на пилот Дејв Иботсон.
„За жал, во видеото од машината, која беше спуштена на дното, се гледа тело на човек меѓу остатоците. Одделот за истраги на воздушните инциденти сега размислува за наредните чекори, се консултира со семејствата на пилотот и патникот и полицијата“, изјавија од споменатиот оддел на британските власти.