Заменик командир на ПС Пелинце фалсификувал диплома за завршено високо образовани и истата ја употербил за вистинита.Станува збор за Д.Ј.(45) од Куманово, вработен во МВР на РМ на работно место командир на полициска станица за граничен надзор и гранична контрола Пелинце,. Свр Куманово против него поднело кривични пријави за фалсификување исправа и за употреба на исправа со невистинита содржина. Кривични пријави се поднесени и против С.Ѓ.(50) од Скопје, заменик генерален секретар на Универзитетот ФОН во Скопје, оосмничен за лоупотреба на службена положба или овластување, за фалсификување исправа и за фалсификување и уништување деловни книги и против Б.Р.(47) од Скопје, раководител на студенски прашања на ФОН за злоупотреба на службена положба или овластување, за фалсификување исправа и против правното лице Универзитет ФОН со седиште на булевар Војводина во Скопје.
Како што утврдила истрагата, Д.Ј., со намера побрзо да се стекне со диплома за завршено високо образование, во февруари 2008 година поднел молба до Полициската академија при Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Скопје од каде добил уверение дека е запишан како вонреден студент во II година – IV семестар во академската 2007/2008 година и дека има положено 16 испити. По ова, тој не поднел молба за запишување и не склучил Договор за студирање со Правното лице Универзитет ФОН, а согласно претходен усмен договор, второпријавениот – одговорно лице на универзитетот и третопријавената – раководител на студентски прашања, формирале Комисија за признавање на испити на Факултетот за детективи и безбедност, која на 17.01.2008 година донела решение пред да му биде издадено уверението за положени испити од универзитетот на кој претходно бил запишан, со кое му се признаени 15 испити, без да биде донесено друго решение за тоа во кој семестар треба да биде запишан. По ова, заменик командирот поднел пријавен и семестрален лист за запишување на VI семестар, кој не бил даден на одобрување кај деканот на факултетот. На тој начин второ и третопријавената му овозможиле од незавршен IV семестар да го продолжи студирањето директно во VI семестар. Откако првопријавениот на незаконски начин ги положил испитите предвидени со студиска програма, му било изадено уверение за положени испити без наведување со стекнат стручен назив со печат на универзитетот и без потпис од ректорот. Уверението не било заведено во деловодната книга на правното лице која во тој период ја водел второпријавениот. По ова, првопријавениот, Уверението за положени испити, најпрво го употребил на 11.09.2008 година кај нотар во Скопје, а потоа го употребил во МВР на РМ за напредување во кариерата.
На 4 сепетември 2018 година, на денот на контролата спроведена од страна на Државни просветни инспектори и инспектори од СВР Куманово, С.Ѓ. дал на увид деловодна книга во која самоиницијативно внел име и презиме на првопријавениот, додека при извршен вонреден инспекциски надзор од страна на управен инспектор при државен управен инспекторат, на 3 октомври 2018 година тој приложил друга деловодна книга во која не е запишан и не фигурирало името на првопријавениот. Д.Ј., за периодот на студирањето на ФОН Универзитетот извршил уплати во вкупен износ од 118.730 денари. Во периодот од јануари 2008 година до октомври 2018 година се стекнал со противправна имотна корист од вкупен износ од 4.344.628 денари, за која сума е оштетен Буџетот на Република Македонија.