Еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата на Италија, и со сигурност најдобар изведувач на слободни удари, Андреа Пирло го коментираше новото засилување на Милан.
Иако последно настапуваше за Јувентус, Пирло ќе остане запаметен како легенда на Милан каде ги помина најдобрите фудбалски денови во кариерата.
Од управата на „Росонерите“ го донесоа Лукас Пакета од Бразил со надеж дека ќе го стори истото тоа што го правеше Пирло десет години во дресот на Милан.
Сепак, самиот Пирло истакна дека засега не е импресиониран од играчот кој е донесен да биде негова своевидна замена.
– Пакета? Има уште место за напредок. Изгледа како добар играч, но засега не сум претерано импресиониран. Од друга страна, Пјонтек е точно она што му требаше на Милан. Гладен е за голови и знае како да ги постигне – коментираше Пирло.