Тројца охридски тинејџери ограбиле малолетник, информираше МВР.
-Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело разбојништво, СВР Охрид до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Р.(17), Ј.Д.(18) и Д.Ш.(18), сите од Охрид. Осомничените разбојништвото го извршиле на 27 јануари лани, околу 1.30 часот на булеварот Македонски просветители во Охрид. Тие пресретнале 13 годишник на кого со примена на физичка сила му одзеле пари, велат од СВР Охрид.