Британија, Шпанија, Франција и Шведска го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела

Велика Британија, Шпанија и Франција го признаа Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела, откако Каракас го отфрли ултиматумот на ЕУ за предвремени избори за осум дена.

„Николас Мадуро не прогласи предвремени избори за 8 дена, рок што ние го поставивме. Затоа, Британија заедно со европските сојузници го признаа Гуаидо за привремен уставен претседател, сè додека не се одржат кредибилни избори во земјата“, напиша на „Твитер“ британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант.“

Треба да знаете
Последни објави