Британската полиција уапси 33 лица поради злоупотреба на деца

Британската полиција уапси 33 лица обвинети за сексуални злосторства во историска истрага за злоупотреба на деца, во која била вклучена и една жена, објавија денеска полициски официјални лица во северна Англија.

Како што пренесува агенцијата „Ројтерс“, мажите биле уапсени откако една жена пријавила дека како дете била сексуално злоупотребена во периодот од 2002 до 2005 година во Халифакс, град во Западен Јоркшир, соопшти локалната полиција.

Сите мажи биле на распит и пуштени се под надзор, објави полицијата.

„Заштитата и безбедноста на децата се приоритет… Оваа операција е дел од полициската акција во Западен Јоркшир, во која да се истражуваат сегашни и минати деликти поврзани со деца“, изјавила инспекторката, Лаура Нилд.

Таа рекла дека борбата против злоупотребата на децата не е нешто што полицијата може да го спроведе самостојно и дека поради тоа продoлжуваат со тесна соработка со локалните власти и организациите кои обезбедуваат поддршка за жртвите и придонесуваат за изведување на прекршителите пред лицето на правдата.

Во текот на изминатиот месец, полицијата во Западен Јоркшир уапсила 55 мажи во посебна истрага по повод историското обвинение за сексуална злоупотреба на деца од страна на седум жени во таа област.

Треба да знаете
Последни објави