(Видео) Борисов го пречека Заев во Софија, премиерите ќе разговараат за соработката меѓу двете земји

Во Софија попладнево почна официјалната средба меѓу премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски колега и домаќин, Бојко Борисов.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата двајцата премиери ќе разговараат за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Заев во Софија предводи владина делегација, во која се и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.

Треба да знаете
Последни објави