Германскaта министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави денеска, Германија ќе инвестира 110 милиони евра до крајот на 2021 година во надградба на воените бази во Литванија. Притоа таа ги потенцираше добрите односи, со оваа, како што рече, балтичка сојузничка земја.
„Сакаме да објасниме дека Литванија не е сама и никогаш нема да остане сама. Никогаш повторно оваа земја не ќе мора да ги жртвува својата слобода и независност“, изјави таа за новинарите во текот на посетата на германските сили во Литванија и додаде:
„Ќе останеме тука со германските вооружени сили додека сме потребни и додека безбедносната ситуација го налага тоа“, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Поздравувајќи ја ваквата изјава, литванскиот министер за одбрана Рајмундус Кароблис рече: „Ова е првпат да слушнеме така јасно и од толку високо политичко ниво дека Германија тука е на долг рок, додека безбедносната ситуација не се промени“.
Германија ги предводи НАТО силите од 1.200 војници од 10 земји стационирани во Литванија од пред две години, како дел од напорите на НАТО да ја зајакне својата позиција долж границите во Источна Европа, по руската анексија на Крим во 2014 година.