Гуаидо: Мадуро префрла 1,2 милијарда долри во Уругвај

Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо, кој воедно се прогласи и за преоден претседател на земјата, денеска изјави дека владата на Николас Мадуро се обидува да пренесе 1,2 милијарда долари од државната банка за развој „Бандес“ во финансиска организација во Уругвај, но своите тврдења не ги поткрепи со докази.

Во своето обраќање на телевизија Гуаидо ги повика властите во Уругвај да не дозволат ваква финансиска операција, која ја осуди и ја карактеризира како кражба на јавни средства, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Министерството за информации на Венецуела сè уште не даде коментар на ваквите обвиненија на Гуаидо.

Треба да знаете
Последни објави