Турист што го посетил Нов Зеланд си заминал многу гневен кога таксистот му наплатил 950 долари за петминутно возење во Велингтон.
Што е најлошо, возачот бргу побегнал откога ги земал парите, па туристот не успеал да види за која такси-компанија станува збор.
Според неговите трврдења, возачот имал лиценца поставена на предното седиште и ништо не покажувало дека работите може да тргнат во погрешна насока.
Но, иако на таксиметарот пишувало дека возењето е 10 долари, таксистот бргу го скрил износот и изјавил дека цената е 950 долари.
На крајот истрагата покажала дека таксито било од фирмата „Такси Велингтон“, но набргу следувало ново изненадување – се покажало дека во компанијата нема таков работник.
Туристот дознал дека Велигтон има проблем со десетина диви таксисти што возат на улиците во градот со возила брендирани со името на познати такси-компании и се обидуваат со измама да заработат од неупатените странски посетители.