Димитров во дводневна посета на Вашингтон

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе престојува во работна посета на Вашингтон, САД, каде ќе се сретне со претставници на американската администрација, Конгресот и тинк тенк заедницата.

Утре Димитров ќе се обрати на трибина посветена на иднината на Македонија и Југоисточна Европа, организирана од Атлансткиот совет на САД.

В среда, во Вашингтон, на покана на државниот секретар на САД, делегација на Република Македонија ќе учествува на Министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС, на кој ќе се разговара за резултатите од повеќегодишните напори и соработката во рамките на Коалицијата за борбата против ИСИС во Ирак и Сирија, како и за идните чекори за стабилизација и одржување на мирот во регионите кои биле претходно зафатени од делувањето на ИСИС.

Треба да знаете
Последни објави