Интересни факти за бебињата родени во февруари

Секое бебе е различно, но зависно од тоа кога вашето малечко е родено, можеби ќе се изненадите кога ќе откриете дека бебето има слични карактеристики со други деца родени во истиот месец.

 

1. Здравје

Луѓето родени во февруари, март и април најмалку се изложени на невролошки заболувања, но имаат малку зголемен ризик од кардиоваскуларни болести.

По многу истражувања, февруари е лош месец кога станува збор за квалитетот на спиење, без оглед на датумот на раѓање. Луѓето родени во февруари имаат поголеми шанси да страдаат од нарушување на сонот.

2. Однесување и карактер

Во истражување спроведено на над 21.000 деца во текот на 7 години е утврдено дека февруарските бебиња се подолги, односно поголеми од другите.

Луѓето родени во февруари се помалку склони кон промени на расположение и нервоза. Зимските деца, а меѓу нив и февруарските, се попослушни од нивните врсници родени во текот на летните месеци. Можат да бидат тврдоглави и склони кон бунт, но брзо склопуваат пријателства и се многу чувствителни.

Тие се уметнички души, истражување спроведено во Америка покажало дека луѓето родени во февруари имаат најмногу шанси да се занимаваат со уметност.

Истражувачи во Унгарија открија дека фазите на тантрум во текот на детството бебињата родени во февруари полесно ги минуваат за разлика од бебињата родени на лето.

 

 

3. Интереси и работа

Тие се задоволни од својата работа. Бебињата родени во февруари можат да бидат еден од два астролошки знаци, Водолија или Риби. Возрасните луѓе родени во знакот на Риба се најзадоволни од својата кариера и заработка. Магазинот Time објави дека луѓето родени во јануари и февруари имаат најголеми шанси да станат славни.

Славни личности родени во февруари: Џејмс Дин, Абрахам Линколн, Томас Едисон, Чарлс Дикенс, Дру Баримор, Џенифер Анистон, Мајкл Џордан, Џон Траволта и други.

Ако вашето дете е Водолија, очекувајте дека тоа дете има слободен дух, а ако е Риби, е чувствително и дете кое мечтае.

Треба да знаете
Последни објави