Либерална партија: Нов закон кој ќе дозволува мораториум за градба во скопските општини

Либералната партија бара ново законско решение кое ќе дозволува мораториум за градба во општините на градот Скопје, поради, како што велат, пренаселеност, сообраќаен колапс, кој влијае на здравјето и квалитетот на животот на граѓаните. Ова следи по најавата на Министерството за транспорт и врски дека се подготвува нов Закон за градење.

„Да се донесат измени со кои градот Скопје единствено ќе може да се шири во ново-проектирани Општини, нови населби, нови станбени објекти на запад, север и исток.

Апелираме градоначалниците на општините да не бараат алиби во пристапот дека од продажба на земјиште и комуналии се полнел буџетот; од што ќе се полнат буџетите кога ќе се бетонираат последните зелени површини?

Водењето општина подразбира грижа за потребите на граѓаните, и унапредување на квалитетот на животот, а не одлуки во интерес на градежната мафија.

Исто така бараме Законот да ја регулира областа на градежништвото по примерот на Република Србија, која прва во регионот почна на системски начин да го решава проблемот на пласирање „валкани пари“ во овој сектор, како еден од потенцијално ризичните за перење пари“ порачаа о Либералната партија

Треба да знаете
Последни објави