Македонскиот народен театар ја кани публиката на 14 февруари, во 20 часот да го прослават заедно денот на вљубените, односно денот на виното, со претставата „Мама миа“ и легендарните хитови на АББА.
– Претставата е двигател на волшебната приказна за љубовта, смеата и пријателството, креирајќи незаборавен мјузикл. Големата актерска екипа, веселата атмосфера и експлозивните танчерски нумери заедно ја прават „Мама миа“!Загарантирано прекрасна помината вечер во МНТ, следат изненадувања…, велат од театарот.