Сабахудин Велиќ (33) се смета за луд и не е способен да го следи судењето, изјави денеска во судницата на Кантонскиот суд во Бихаќ Јасмин Месиќ, заменик на главниот обвинител на Обвинителството на Унско-санскиот кантон. Велиќ е обвинет дека во септември минатата година во дворот на куќата во населбата Махмиќ Село во Босанска Крупа ја убил со секира, а потоа ја измасакрирал својата мајка, пишува „Дневни аваз“.
Тимот на експерти утврди дека Велиќ, кој е обвинет за убиство, повреда на мирот на покојникот и за мачење и убивање животни страда од ментална болест од психички карактер од шизофрениски спектар со искривена перцепција на реалноста, размислување и разбирање.
https://www.facebook.com/24sata/videos/1371087789689435/
Велиќ, кој во судницата плачеше, тоа утро, според неговото сведочење, ѝ кажал на својата мајка дека мора да принесе жртва, но не и каква и кого мора да убие. Истото утро, мајката му рекла дека е задоволна од него, по што тој ѝ ги бакнал рацете и ѝ рекол дека ја сака.
По убиството, тој отишол да се моли и го преместил телото на друго место и го запалил. Бидејќи телото не изгорело, ја закопал мајката на непозната локација, а потоа ја ископал и ја префрлил во гаражата, каде што ја сечкал со разен алат раздвојувајќи го месото од коските и подоцна го јадел.
Велиќ , исто така, го убил кучето, бидејќи, како што тврдел за време на истрагата, црното куче е шејтан.
Тој сведочеше дека морал да изврши кривично дело бидејќи бил маѓепсан и само ги слушал инструкциите на поголема сила.
„Сабахудин Велиќ страда од шизофренија и е трајно непресметлив, за што е потребно лекување и сместување во соодветна здравствена установа, што е предлог на обвинителството, а одбраната не се противи“, рече адвокатот на обвинетиот Велиќ.