Не станува збор за две екплозивни направи туку за проектил од рачен фрлач кој бил испукан ноќеска во локал во ТЦ „Мавровка“ во Скопје, потврдуваат од МВР.
Инцидентот бил пријавен во полиција околу 01.35 часот, а во времето кога бил испукан проектилот угостителски објект не работел. Нема повредени лица.
Според пријавеното, посочуваат од МВР, оштетени се стакла од објектот, како и од околните дуќани. Извршен е увид и се работи на расчистување нан случајот.