Фудбалерите на Олимпик Лион први го победија фаворизираниот Пари Сен Жермен во француското првенство. Лион вечерва победија со 2:1. Инаку ова е трет сезонки пораз за ПСЖ, откако претходно загубија од Ливерпул во Лигата на шампионите и од Генгамп во Лига купот.
Големото дерби во целост ги оправда очекувањата,а фудбалерите на Лион си го исполнија ветувањето дека ќе го совладаат лидерот.
Мечот лошо започна за Лион, откако Ди Марија по само седум минути игра го совлада Лопез.
Потоа следуваше еден период од 30 минути во кој домашните играчи извршија жесток притисок. Блескаше голманот на ПСЖ Ареола со брилијантни интервенции.
Сепак Ареола не успеа да го спречи Џембеле во 33 минута да го израмни резултатот. Истиот играч беше заслужен и за вториот гол на Лион. На почетокот на вториот дел Тијаго Силва направи прекршок врз него за пенал.
Фекир беше сигурен реализатор во 49 минута.
До крајот на мечот двата тима имаа неколку одлични можности за постигнување на гол меѓутоа резучтатот остана 2:1.