Обилните дождови предизвикаа еколошка катастрофа во Истра

Во последните три дена во Пазин во Хрватска паднаа обилни 142,4 мм дожд, што е значително ако се земе предвид дека просечните врнежи во февруари изнесуваат 79,6 мм.

Одеднаш надошле притоките на реката Пазинчица, вклучувајќи ја и притоката Дражеј, која поминува кај депонијата на градежен материјал Лакота.

Проблемот со надојдената притока Дражеј и стовариштето Лакота веќе е познат подолго време, а сето тоа кулминира со отворањето на огромна дупка во депонијата на 1 јуни 2018 година, пишува Истрамет.

Од граѓанската иницијатива „Наш Поток” известуваат дека огромни количини градежен отпад, пластика, гума и агротекстил завршиле во Пазинчица и Пазинска Јама.

Бидејќи Пазинчица е река понорница чиј дел се протега дури и до Раша, се заканува еколошка катастрофа од големи размери.

Големото количество дожд за кратко време активира лизгање на земјиштето и предизвика одрони, особено во северниот дел на Истра.

Треба да знаете
Последни објави