Настапот на бендот „Марун 5“ на „Супер боул“ не помина добро, а обожавателите ги „исплукаа“ на социјални мрежи. Ситуацијата не можеше да ја спаси ни полуголиот пејач Адам Левин, а Јаху го опиша нивниот настап како „најздодевниот настап на сите времиња во историјата на полувремињата”.
„Ако наскоро не заврши полувремето, Адам Левин би можел да заврши гол”, напиша спортскиот новинар Стив Лејман.
Сепак, обожавателите не ги поштедија во коментарите на социјалните мрежи.
„Овој кутар човек пееше како да спие”, „Ова не звучи како Марун 5″, „Тие звучат ужасно. Драг Боже, само да престанат” „Мора да се шегувате со овие глупости на полувреме”, „Марун 5 звучи страшно“ беа само некои од коментарите.
Исто така ги разочара и краткиот настап на Тревис Скот бидејќи не ги исполни очекувањата дека ќе ја запроси својата девојка Кајли Џенер.