Откажани летови од аеродромот во Хамбург поради штрајк на вработените

Повеќе од 50 летови се откажани од аеродромот во германскиот град Хамбург поради штрајк на вработените. Синдикатот ги повика вработените на еднодневен штрајк, кој почна во 3 часот ноќеска.

Аеродромот соопшти дека се откажани 58 од 388 летови кои се предвидени за денеска и дека постои можност за дополнително нарушување на авиосообраќајот.

Синдикатот бара зголемување на платите за околу 1 000 вработени меѓу кои се и пилотите, потоа шоферите на аеродромските автобуси, како и превезувачите на багажот.

Синдикатот бара зголемување на платите за 275 евра месечно.

Треба да знаете
Последни објави