Пожар во зграда во центарот на Москва, загинаа седум лица

Седум лица загинаа во пожар во седумкатница во центарот на Москва, кој избувнал ноќта во неделата спроти понеделникот, соопштија државните медиуми.

Најверојатно, пожарот избувнал на петтиот кат од зградата лоцирана на престижниот Никитски булевар.

Огнот горел повеќе од три часа и проголтал 1.500 квадратни метри од неколку катови, објави државната агенција „Тасс“ повикувајќи се на информации од градските власти.

Повеќе од 40 лица се евакуирани. Полицијата почна истрага за утврдување на околностите што довледе до избувнување на пожарот.

Зградата на Никитски булевар број 12 била изградена во 1914 година. Се стравува дека објектот може и да се урне.

Треба да знаете
Последни објави