Почина Мати Никенен, еден од најголемите олимпијци на сите времиња

Легендарниот фински скокач Мати Никенен и повеќекратен олимписки и светски шампион, почина на 55 години, од сè уште непозната причина.

Финска денес се збогуваше со своето лошо момче, но исто така сакан спортист, кој веројатно беше најголемиот ски скокач во историјата.

Мати, кој се бореше со алкохолизмот и дијабетесот, во својот живот успеваше да биде многу нешта – повеќекратен олимписки и светски шампион, освојувач на „Четири скокалници”, плејбој, стрипер, поп ѕвезда, затвореник поради обид за убиство на пријател, како и физички напад на сопругата,сопственик на „хот лајн” агенција и кој знае уште што не.

Во Сараево 1984 и Калгари 1988, Никенен освои пет од можни шест златни медали, а едната му ја „украде” вечниот ривал Јенс Вајслог, па Финецот мораше да се задоволи со сребро.

Се повлече после 46 победи и 76 подиуми во Светскиот куп.

За жал, по кариерата, Мати го сврте вниманието на јавноста со насилните испади, кратките бракови и алкохолимозт. Беше обвинет за обид за убиство на негов пријател и беше осуден на 26 месеци затвор

Ни пред, ни по Мати, овој спорт немаше толку доминантен натпреварувач кој ја газеше конкуренцијата. Спортски великан, но од друга страна лош пример за младите генерации.

Треба да знаете
Последни објави