Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, е на интензивна нега бидејќи докторите му пронашле насобрана течност на местото каде што за дебелото црево му била прикачена кеса за колостомија, соопшти портпаролот на претседателот.
Болсонаро имаше треска, која му помина, а во болница е задржан бидејќи минатата недела му беше отстранета кесата за колостомија, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Во моментот тој нема треска, ниту чувствува болка, но нема да ја напушти болницата до следниот понеделник, рече портпаролот.
На Болсонаро му е направена колостомија кога минатата година беше избоден со нож за време на неговата претседателска кампања.