Продолжението на култниот хорор филм „Сјаење“ со Џек Николосон во главната улога, „Доктор Слип“ стигнува во ноември. Во овој дел, главната улога ја има Иан Мекгрегор.
„Варајети“ пишува дека „Доктор Слип“ ќе го гледаме порано од што беше предвидено. Иако премиерата беше закажана за следната година, сепак, филмот стигнува во кино салите на 8 ноември годинава.
Режијата е на Мајк Фланаган, а филмот е во продукција на „Нетфликс“.
Стивен Кинг ја напиша „Доктор Слип“ во 2013 година, како продолжение на новелата „Сјаење“ од 1977 година