Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) денеска соопшти дека ја прекинуваат соработката со Шпанецот Раул Гонзалез по заемна согласност.
– Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката, соопштија од РФМ.
Оттаму му се заблагодарија на популарниот „Ел команданте“ за досегашното работењe со сениорскиот тим и му посакаа се најдобро.
– Иако ќе ни недостасува неговата смиреност и тактичност на клупата, продолжуваме секој со своите предизвици кон нови победи, додаваат од РФМ.
Раул моментално е тренер на француски ПСЖ, откако од клупата го предводеше скопски Вардар кон титулата европски шампион.
На изминатово СП, кое неодамна се одржа во Германија и Данска, Гонзалез ги водеше „жолто-црвените“ до пласман на 15 место.