Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во паника од успехот на Македонија и членството во НАТО.Македонија седнува на своето столче во НАТО, Мицкоски стравува за своето опозициско столче во ВМРО ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партијата, ВМРО- ДПМНЕ знае дека ги чека пораз на избори, знаат дека немаат поддршка кај граѓаните, освен деструкција и блокади не нудат ништо добро за државата и нејзините граѓани.
,,Затоа ВМРО ДПМНЕ бара алиби за извесниот изборен пораз во нереални и измислени причини.
Измамите, изборните манипулации, злоупотребата на институциите пред избори се симбол на криминалното вледеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го потврдуваат и бројните судски предмери за изборни нерегуларности што се водат против нив пред наделжните судови.
Наместо очајнички да бара алиби преку измислици, Мицкоски и антизападното раководството на ВМРО ДПМНЕ во белиот дворец нека се подготват за пораз на какви било избори кои ќе бидат фер, слободни и демократски”, се додава во соопштението.