ТХП: Време е Турците да се соединат околу свој заеднички претседателски кандидат

Партијата Движење на Турците во Македонија (ТХП) под мотото „Единство и солидарност“, во Ресен го одржа 4. вонреден конгрес.

„Генералното мислење на делегатите е дека на престојните претседателски избори редно време е за прв пат во историјата на самостојна Македонија, Турците да имаат свој претседателски кандидат. Во оваа насока претседателот на партијата, Енес Ибрахим ги покани сите турски политички субјекти да се соединат околу заеднички кандидат“, соопштија од ТХП.

На конгресот освен за резимето од досегашниот учинок на ТХП, се дискутираше и за чекорите кои треба да се превземат во следниот период.

Треба да знаете
Последни објави