Уапсен монах поради несреќата на Скадарското Езеро

Монахот од манастирот Врањина Горан Кимпанов е уапсен поради трагедијата што се случи вчера на Скадарското Езеро, во која  животот го загубија четири лица.

Како што пренеува Б92, на монахот Кимпанов на товар му се става дело против општа безбедност и предизвикување општа опасност.

Четири лица се удавија вчера кога чамецот во кој имало повеќе луѓе се преврте кај манастирот Врањина, на Скадарското Езеро, додека петмина беа спасени.

Во несреќата се удавија маж, неговата бремена сопруга, нивната 12-годишна ќерка и друг маж, кој се обидел да ги спаси, објави подгорички „Вијести“.

Во чамецот, освен нив биле и уште четворица луѓе и игуменот на манастирот, кој управувал со пловилото. Тие биле гости на манастирот, каде што со литургија бил прославен именденот на игуменот Неофит, а пред нив свештеници на брегот пренеле три групи луѓе.

Несреќата се случила околу 15 часот, кога почнало невреме со големи бранови кои го потонале чамецот.

Треба да знаете
Последни објави